Project Happiness

Проект Среќа е здружение, кое единствено на нашите простори, е фокусирано на подобрување на квалитетот на живеење, создавање на можности и образование и едукација за децата и младите со помалку можности.

Основана во 2015 година, Проект Среќа за многу кратко време стана синомим за среќа кај децата, синоним за транспарентна и исполнителна работа, градење на филантропско и хумано општество, кое создава можности за децата во социјален ризик, со акцент на децата кои живеат во сиромаптија, и во  рурални средини.

Сите проекти на кои ние како здружение работиме, се насочени кон подобар квалитет на живеење на децата во социјален ризик.

Го поттикнуваме општеството на општествена одговорност, физичките лица на филантропија, хуманост, и волонтирање, а компаниите на одговорноста која како бизнис сектор ја имаат кон општеството во кое создаваат профит.

Нашата визија е дека само здружени можеме да направиме големи промени.

Нема среќна иднина за едно општество, без среќни, едуцирани и образовани деца.

Токму затоа нашиот фокус е на градење можности за нив.