Здружение "Куќа на среќата"

Здружение на граѓани за граѓански активизам, хуманизам, правна заштита, економија, култура, образование, информатичка технологија, социјална заштита, родова еднаквост и вклученост.

Нашата цел е:
– Родова еднаквост и заштита на жените
– Еманципација на жените и претприемништвото и можност за развој на сопствен бизнис, како и подигање на свеста кај жените во руралните средини и нивната ориентација за производство на здрава храна.
– Зајакнување на жените од маргинализираните заедници во остварувањето на социјалните и здравствените права.
– Борба против насилството врз жените, давање помош и запознавање со нивните права.
– Промовирање на култура на родова еднаквост и недискриминација, на одговорно, транспарентно и одговорно владеење на полето на родовата еднаквост и правата на жените.

 

mk_MKMK